На 114 години почина најстарата Американка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Леси Браун од Охајо, стара 114 години, за која се веруваше дека е најстарата личност во Соединетите Американски Држави, почина, соопшти семејството.

Loading...

Браун живеела со ќерката во градот Кливленд Хајтс, а зборувала дека со Божја волја нејзиниот живот е долг.

Членовите на семејството, таквата долговечност ја препишуваат на диетата базирана на сладок компир која таа ја поддржувала, пренесува АП.

Браун е родена во 1904 година во Џорџија и таму растела на фарма.

Се преселила во Клвиленд со семејството кога наполнила 18 години, а по мажењето родила пет деца.

Станала најстарата личност во САД на 9 мај 2018 година, кога 114-годишната Делфина Гибсон од Пенсилванија почина, наведува американската агенција.

Leave a Reply