Министерството за внатрешни работи денес распиша конкурс за прием на 600 извршители на работно место „Полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи, и тоа:
1.Полицаец за подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје……….. 435 извршители;
2.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Битола ……………….20 извршители;
3.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Ресен …………………….5 извршители;
4.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Охрид………………….20 извршители;
5.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Струга …………………15 извршители;
6.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Дебар ………………….15 извршители;
7.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Тетово …………………..5 извршители;
8.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Гостивар……………….5 извршители;
9.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Велес …………………..20 извршители;
10.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Куманово………….20 извршители;
11.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Штип …………………….5 извршители;
12.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Струмица…………..10 извршители;
13.Полицаец во полициска станица од општа надлежност Гевгелија……………25 извршители;
Избраните кандидати ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од (1) една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи.
По завршување на основната обука кандидатите за полицаец ќе склучат договори за вработување во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).
фото: Алфа.мк