МВР: Вчера издадени 931 потврда за бегалците

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашнито ден биле издадени потврди на вкупно 931 странски државјани за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, со што бројката од почетокот на годината до сега достигна 53.434, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Најголем дел од потврдите се издадени на возрасни мажи и тоа 395, 324 на деца бегалци, додека во нешто помала бројка се жените – 212. Според државјанствната пак, најголемиот дел од потврдите биле издадени на државнјани од Авганистан – 351,  Сирија – 297 и Ирак – 283.

А, пак до Секторот за азил  не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.