Вкупно 372 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил биле издадени во текот на последните 23 часа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според државјанството, 250 потврди биле издадени на државјани на Сирија, 113 потврди издадени на државјани на Ирак и 9 потврди биле издадени на државјани на Авганистан, со што вкупната бројка од почетокот на 2016-та заклучно со вчерашниот ден изнесува 84.359.
До Секторот за азил во последното деноноќие не биле поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.