МВР доби опрема и возила од Германија вредни 675.000 евра (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

„Ме радува фактот што изминатиов период интензивните реформски зафати во македонската полиција во сите сегменти од нејзиното функционирање, во голема мерка се должат на партнерството и помошта што Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во континуитет ја добива од своите меѓународни пријатели и партнери, меѓу кои несомнено, посебно по својот обем и квалитет би сакал да ја потенцирам поддршката од Сојузното министерство за внатрешни работи и татковина на Сојузна Република Германија”, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешното примопредавање на донацијата од возила и опрема од Амбасадата на Сојузна Република Германија, вредна 675.000 евра, наменета за Одделот за гранични работи и миграција при Бирото за јавна безбедност на МВР на Република Северна Македонија, а донирани од страна на Канцеларијата за врски на германската Сојузна полиција при Амбасадата на Сојузна Република Германија .

Loading...

 

 

Пред платото на МВР кадешто беше врачена донацијата, министерот Спасовски потенцираше дека целокупната донација е опрема е од најразличен карактер и има за цел во повеќе сегменти да ги подигне капацитетите за работа на Граничната полиција за зајакнување и надополнување на техничките аспекти на граничната полиција, со цел нејзино полесно и поефикасно функционирање според современите професионални стандарди и полесно справување со предизвиците во борбата против меѓународните закани и прекуграничниот криминал согласно позитивната пракса на ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија: Нуклеарките нема да работат по зимата

 

 

Loading...

Во делот на подобрување на мобилноста на Граничната полиција донирани се: 17 возила од кои 10 теренски, 3 комби возила и 4 специјални возила за транспорт на криумчари на мигранти. Во делот на Граничниот надзор донирани се термални камери со краток и долг домет, дневни и ноќни двогледи за зголемена ефикасност и безбедност во постапувањето на припадниците на Граничната полиција, па Уреди за присилно запирање на возила – ,,СТИНГЕР“ и тактички елечиња, а во делот на подобрување на можностите за следење на онлајн обуки – лаптопи и проектори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Битиќи – Лосон: Обединетото Кралство е доверлив партнер во развојот на нашата земја

„Во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија да изразам огромна благодарност за несебичните заложби и ангажмани на луѓето од Амбасадата на Сојузна Република Германија и до Владата на Сојузна Република Германија, претставувана од Амбасадорот во Република Северна Македонија, Н.Е. Анке Холштајн, за оваа за нас мошне значајна помош, но и за континуираната поддршка во нашите зајакнати реформски процеси, со силна увереност дека соработката ќе продолжи и ќе се интензивира и во претстојниот период”, заврши министерот Спасовски.

 

 

Амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Н. Е. Анке Холштајн меѓудругото рече дека соработката меѓу македонските и германските служби се одвива одлично, колегијално и со доверба. „Срдечна благодарност за тоа – нешто на што може сите Вие да сте горди, сега треба таа соработка и понатаму да се надградува.”

„Опремата, со која и оваа година сакаме да ја поддржиме и олесниме Вашата важна работа, до сега беше постојано одговорно и професионално користена. Дополнително ќе доставиме опрема за присилно запирање на возила која моментално е уште во царина – со тоа би била покриена целата потреба од ваква опрема за присилно запирање на возила за граничната полиција во следните години. Благодарение на крајно професионалните обуки, така ми беше кажано, таа беше успешно користена, на пример, минатиот јануари, за време на акција за борба против прекуграничниот криминал”, истакна во своето обраќање германската амбасадорка Холштајн.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шолц: Германија треба да ги прифати Русите кои не сакаат да се борат во Украина

 

Loading...

 

Оваа донација е дел од програмата за поддршка од Владата на Сојузна Република Германија за МВР – Одделот за гранични работи и миграции, Регионалните Центри за гранични работи и полициските станици од Граничната полиција за 2021 година, но со оглед на отежнатите услови на производство и достава на опремата поради Ковид пандемијата истата се испорачува денеска.