Вкупно 179 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил биле издадени во текот на изминатие 24 часа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според статистиката на МВР, најбројни се децата и тоа 78 кои патувале во придружба на родители или старатели, како и две деца кои патувале самостојно. Во нешто помал број се мажите 58 и жените бегалки 41 на број.
Според државјанството, потврди се издадени на 150 државјани на Сирија и 29 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан, со што бројката на издадени потврди од почетокот на годината заклучно со вчерашниот ден изнесува 88.823.
Изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, додека од почетокот на годината тоа веќе го сториле 29 странски државјани, стои во извештајот на МВР.