Mулти Култи најавува почеток на бесплатни курсеви за драма и перформанс

Сподели со своите пријатели

Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) Kуманово го најави отварањето на новиот циклус на локални активности во  младинскиот центар Мулти Култи. Многу нови работилници, и тоа уметност, театар, дебата, перформанс, јазични курсеви и уште многу нови можности кои ќе им бидат понудени на младите од Куманово, соопштуваат од ЦИД.

Loading...

Мулти Култи првпат беше отворен во 2010 година и понуди многу различни програми, активности и обуки за деца и млади од сите возрасти и сите етнички групи. Добрите искуства не треба да се прекинат, велат од ЦИД, и оттука и потребата да се започне со нови активности кои ќе започнат со реализација од наредната недела.

Наредниот викенд почнуваат четири нови работилници како дел од проектот  “Мулти Култи Коцка- Простор за интеркултурна/етничка акција“ финансиран од УНДП (Програма за развој на Обединетите Нации).

Четирите работилници се за драма, перформанс, социјални права и уметност на рециклирање. Сите  активности ќе  ги  користат методите  на  неформално образование,  ќе  бидат двојазични  (македонски  и албански)  и  ќе траат  два месеци.  Крајните резултати  ќе  бидат презентирани на отворено, во симболична сцена “коцка” која ќе биде поставена на различни локации од градот.

Во исто време, Мулти Култи работи и со неколку меѓународни волонтери како дел од програмата Европски Волонтерски Систем. Сите волонтери се во Куманово на подолг временски период (од 6 до 12 месеци), и работат со групи на млади и нудат неформални курсеви на нивните мајчини јазици. Во моментов, функционираат работилници за француски, шпански и германски јазик.

Центарот за интеркултурен дијалог веќе организираше отворени денови во сите средни училишта од градот на кои што меѓународните волонтери ги презентираа сите активности кои ќе бидат организирани во МултиКулти и младите веќе имаа можност да се пријават.

Сите заинтересирани кои се уште не се пријавени се добредојдени и можат да ни пратат маил на ([email protected]) или да дојдат вопросториите на Мулти Култи (улица Вук Караџиќ 19, поранешна месна заедница Тоде Мендол) да се информираат и самите да видат како функционира младинскиот центар.

Мулти Култи веќе од понеделник, 27  април e отворен секој работен ден од 10 до 17 часот. Надвор од работилниците сите млади и деца слободно ќе можат да доаѓаат и да го користат центарот за слободни активности, неформално дружење, заедничко учење и разменување на искуства, знаења и култури.
.

Loading...

Leave a Reply