МТСП потпиша Меморандум за соработка со Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија и Министерството за здравство и социјална заштита на Република Албанија денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на социјалната заштита и заштита на децата.

Loading...

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска изрази задоволство што двете држави потпишуваат меморандум за соработка кој е резултат на интересот и подготвеноста за започнување на соработка на полето на социјалната заштита и заштитата на децата.

Министерката Тренчевска истакна дека потпишувањето на овој меморандум ќе ја интензивира соработката помеѓу двете министерства и ќе овозможи размена на искуства од областа на политиките на социјалната заштита и заштитата на децата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Спасовски: Постигнати се добри резултати во санкционирање на насилството врз жени, но имаме уште многу работа

„Тука би ги потенцирала, политиките за заштита на лицата со попреченост, проценката на попреченоста, услугите за рехабилитација за лицата со попреченост, грижата за стари лица, институционалната и вонинституционална заштита. Потоа, политиките на социјалната заштита и заштитата на децата, спречување и борба против насилството врз жените и децата, како и систем на програми за социјална помош и за заштита на правата на децата,“ истакна Тренчевска.

Министерката за здравство и социјална заштита на Р.Албанија, Огерта Манастирлиу посочи дека потпишувањето на меморандумот ќе ја зајакне соработката во областа на социјалната заштита и заштита на децата, особено децата кои се цел на трговија со луѓе,подобрување на програмите на двете страни во однос на исполнување на меѓународните конвенции во областа на законодавството и хармонизација со законодавството со ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Факти за топ 10 тендери: Заедно тежат околу 172 милиони евра

Во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ минатата година беше потпишан и Меморандум за разбирање за соработка во врска со слободен пристап на пазарот на труд и Договор за условите за слободен пристап на пазарот на трудот во Западен Балкан. За спроведување на Договорот потпишан е и Протокол со кој се уредува постапката за добивање слободен пристап до пазар на труд во државите потписнички.

„Денешното потпишување на меморандумите за соработка, заедно со претходно воспоставената соработка претставува вистинската слика за две пријателски земји, насочени кон градење на европски стандарди и вредности дома, во својата држава, за своите граѓани,“ порача Тренчевска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Факти за топ 10 тендери: Заедно тежат околу 172 милиони евра