Мртва трка во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Мртва трка меѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се одвива во Општина Старо Нагоричане според досега обработените гласови од Државната изборна комисија.

Loading...

Од досега обработени 68,85 отсто од гласовите, Гордана Силјановска Давкова има освоено 35,92 отсто од гласовите или 394 гласови.

Стево Пендаровски освоил 381 глас или 34,73 отсто од вкупниот број гласови.

Следува Максим Димитриевски со 271 глас или 24,7 отсто од гласовите.

Билјана Ванковска од Левица има освоено 19 гласови (1,73 отсто).

Стевчо Јакимовски освоил два гласа, Бујар Османи еден, а засега ниту еден глас нема Арбен Таравари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните на претстојните избори за работите во Македонија да не бидат како досега

Никола Ивановски