Мртов советник победи на изборите во Пенсилванија

Сподели со своите пријатели

Еден локален советник во Пенсилванија беше реизбран со големо мнозинство во вторникот, покажаа привремените податоци објавени од локалните медиуми, иако тој починал минатиот месец по релапс на рак.

Loading...

Демократот Тони Де Лука почина на 85-годишна возраст на 9 октомври од лимфом, а дотогаш беше предоцна да се сменат гласачките ливчиња.

Локалниот советник кој 20 години го претставуваше 32-от округ на Пенсилванија во предградијата на Питсбург во Долниот дом на државата беше реизбран со 86 отсто од гласовите, откако беа преброени 98 отсто од гласачките ливчиња.

По ваквата одлука на гласачите, изборите мора да се повторат.

„Длабоко сме тажни поради загубата на Тони ДеЛука, но и горди што гласачите ја покажаа својата доверба во него и неговата посветеност на демократските вредности со реизборот на него постхумно“, напиша раководството на Демократската партија на Пенсилванија на Твитер.