Деветнаесетгодишници од Куманово краделе нафта од камиони, полицијата ги привела

Сподели со своите пријатели

Двајца деветнаесетгодишници од Куманово биле приведени вчеравечер под сомнение дека украле нафта од резервоари на товарни возила.

– На 30.10.2026 околу 13:30 и 14:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Р.И.(19) и Б.М.(19), двајцата од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие се сомничат дека во период од 28.10.2026 година до 30.10.2026 година, одзеле нафта од резервоари на товарно возило „мерцедес актрос“ со кумановски регистарски ознаки и товарно возило „ман“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на две правни лица од Куманово, кои биле паркирани на бензинска пумпа во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен жител на Алгуња, возел иако немал дозвола

– Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски