МРК Куманово загуби од РК Пролет

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово викендов на гостински терен забележаа пораз од составот на РК Пролет во рамките на 7. коло од Машката ракометна супер лига.

Loading...

Првиот дел од средбата се играше гол за гол, па кумановци заминаа на полувреме со еден поен негатива (16:15) во надеж дека ќе дојде до пресврт во вториот дел од средбата.

Сепак домаќинот се покажа како подобар во второто полувреме и минимално дополнително ја зголеми предноста за да слави со конечни 28:25.

Со 15 поени носител на играта кај МРК Куманово беше Давид Димевски, додека во составот на победничката екипа со по пет голови тоа беа Александар Василевски, Мице Шилегов и Таофук Бакар Мохамед.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка повредена при судир на електричен тротинет и мотор

Досега МРК Куманово има две победи и пет порази од почетокот на сезоната.

Следниот натпревар го играат повторно на гости, овој пат против составот на РК Вардар.

Никола Ивановски