МРК Куманово со две странски засилувања

Сподели со своите пријатели

Владан Кастратовиќ и Зоран Ѓурковиќ се двете интернационални засилувања во составот на машкиот Ракометен клуб Куманово.

Loading...

Дваесет и петгодишниот Кастратовиќ висок 185 сантиметри и со потекло од Андријевица, Црна Гора. Во Куманово доаѓа од екипата на Охрид.

Претходно Кастратовиќ има настапувано за екипите на Комови, Иванград, Струга и Охрид.

 

 

Зоран Ѓурковиќ пак е 37-годишен искусен српски ракометар висок 197 сантиметри.

Тој потекнува од Велика Плана и има настапувано за екипите на Морава од Велика Плана, Црвена Звезда, Смедерево, Пожаревац и Хајдук Вељко од Неготин.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обработени сите гласови во Куманово: Димитриевски победи

 

Никола Ивановски