Машкиот ракометен клуб Куманово во своите редови донесе српски интернационалец кој ќе го засили клубот во претстојната сезона.
Станува збор за Вучко Мрвовиќ, 21-годишен српски младински репрезентативец со потекло од Смедеревска Паланка.
Мрвовиќ е висок 196 сантиметри и игра на позицијата лев бек.
Во својата ракометна кариера има настапувано за екипите на Рудар Костолац, Раднички Крагујевац, Спартак Војпут и Суботица.
Има и интернационално искуство бидејќи има настапувано за грчкиот суперлигаш Филипос Верија.
– Вучко се прилагодува во нашата екипа и има позитивни очекувања за предстојната сезона, велат од клубот.
Кумановци годинава ќе се преселат во Суперлигата на домашниот шампионат поради добриот пласман минатата сезона.
Никола Ивановски / фото: Инстаграм