МРК Куманово против Прилеп ја стартува новата сезона

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово утре на гостински терен против РК Прилеп го играат првиот меч од новата сезона во машката ракометна Суперлига.

– По одлично одработениот подготвителен период, Куманово влегува со амбиција за добар старт на сезоната, велат од клубот.

Клубот летово имаше и нови засилувања: Филип Мечкаровски од Струга, Марко Трајковски од Пролет, Матеј Новаковски од Бутел, Бојан Гичевски од Пелистер 2, Хамза Мамадох Ибрахим од Египет и Наум Костов од Струга.

Саша Радосављевиќ останува и сезонава шеф на стручнот штаб, кој ќе ги предводи кумановци во нови победи.

Мечот против Прилеп се игра утре од 18:30 часот во Спортската сала „Ристо Ричко“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе добие пет нови возила за комунална хигиена (ФОТО)

Никола Ивановски