Наизглед сосема обичен мал град на југот на Велс, во кој живеат околу 40.000 жители, кои како и поголемиот дел од другите гратчиња има шопинг центар, барови, ресторани,но и мноштво споменици, стари цркви и замоци, Бриџенд крие нерешена мистерија по која и стана познат.
Иако мештаните истакнуваат дека живеат нормално и дека не се разликуваат од жителите на другите гратчиња во земјата, всушност се длабоко потресени од серија неразјаснети самоубиства.
Со векови никој не можел да се доближи до овој древен град (видео)
Во таа црна низа, за шест години дури 79 млади луѓе решиле да си го одземат животот. Сите освен еден, се убиле со бесење. Исто така, обично се работи за млади мажи, многумина од нив и се познавале, а само некои од нив оставиле проштални писма.
Паралелно со обидите на научниците да утврдат дали постои врска помеѓу сите овие случаи на самоубиства, помеѓу очајните родители и преплашени мештани се развиле и различни хорор теории.
Се шпеклулирало дека станува збор за суицидна секта, договори на социјални мрежи, па дури и контрола на умовите на младите луѓе со помош на радио фрекфенции.
Загрижувачки било тоа што не е откриен никаков знак што е причината за самоубиствата.
Со векови никој не можел да се доближи до овој древен град (видео)
Loading...
Во првите годдина дена, од 2007. до 2008. година бројот на самоубиства се искачил на 23. Во наредните 5 години, до февруари 2012. година, се убиле дури 79 жители на Бриџенд.
Се започнало со самоубиство на 18-годишниот тинејџер Дејл крол чие тело е пронајдено во напуштено засолниште. Неколку недели подоцна, неговиот пријател Дејвид Дилинг се решил да си го одземе животот себе си така што се обесил на дрво испод црквата. А кога се на ист начин, истата недела се убил и 20-годишниот Том Дејвис, а сите мислиле дека се работи за случајност.
„БИЛБЛИСКИ НАСТАН“ ИЛИ НЕШТО ДРУГО:Река доби крваво црвена боја, никој не знае зошто (ВИДЕО)
Црниот бран започнал да ниже животи на младите луѓе и така до 2009. година се обесиле 25 лица.
Незнаејќи како да се спречи оваа појава, очајните родители се заедно со градоначалникот официјално барале од државата да го спречат објавувањето на приказните за самоубиствата од Бриџенд. Мистериозните самоубиства кои се редат едно за друго започнале да ги интригираат новинарите ширум светот, а родителите кривицата започнале да ја префрлуваат на медиумите. Се формирале и работилници за работа со младите и спроведување на кампањи против самоубиствата, но тоа не го спречило овој несреќен бран.
Така на пример, на 27. февруари 2010. година се обесил Џастин Бичам кој на новинарите само неколку месеци претходно им рекол дека тоа никогаш не би го направил.
Најпрвин, денот претходно, се обидел да се убие на истото место каде се обесил неговиот другар Том Дејвис, пред 3 години. пронајден е жив и префрлен во болница.
Loading...