Можност за мигрантите: Австралија ќе регрутира и странци во армијата

Сподели со своите пријатели

Австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс денеска изјави дека земјата ќе започне со регрутирање на неавстралиски државјани во армијата.

Loading...

Марлс изјави дека целта на овој потег е да се пополни недостигот од 4.400 регрути во австралиските одбранбени сили, чија цел е да има вкупно 63.400 луѓе во активните сили, пренесува АП.

Австралиската влада си постави цел до 2040 година да има 80.000 луѓе во активна работна сила, а еден од главните фактори за тешкотијата за привлекување нови регрути е ниската стапка на невработеност во земјата.

Граѓаните на Нов Зеланд кои живееле во Австралија најмалку една година ќе можат да аплицираат од јули, а од јануари 2025 година граѓаните на САД, Велика Британија и Канада кои имаат право на постојан престој во Австралија ќе можат да аплицираат.

Војската на Нов Зеланд исто така е пократка за 1.300 воен персонал, откако загуби 30 отсто од својот воен персонал од 2021 до 2023 година.

Министерката за одбрана на Нов Зеланд Џудит Колинс појасни дека армиите на двете земји нема да се натпреваруваат за регрути поради австралиското правило кое не дозволува да се пријават оние кои служеле во странска армија во претходните две години, пренесува Танјуг.

Австралија, исто така, постигна договор со САД и Велика Британија во кој се обврзува да изгради австралиска подморничка флота со помош на американската нуклеарна технологија.