Можат ли кучињата да јадат овошје? Во некои ќе уживаат, други се забранети!

Сподели со своите пријатели

Знаеме дека овошјето е здраво за човечкото тело, но дали знаевте дека е одлично и за вашето куче?

Loading...

Иако на кучињата не им треба овошје за да бидат најздрави, со одобрение на ветеринар, тоа е одличен додаток во исхраната кој им обезбедува витамини, минерали и антиоксиданти и дополнително ги хидрира, што е особено важно во летните месеци.

НАУКАТА ДОКАЖА: Кучињата го разбираат човековиот говор

Јаболка

Парче јаболко може да биде десерт или додадено во садот на вашето домашно милениче. Јаболкото содржи витамини А, Ц и влакна и помага во чистење на забите и освежување на здивот. Бидете внимателни да не му служите на кучето парче јаболко со семиња за да не се задуши.

Банани

Бананите имаат голем број придобивки за вашиот најверен пријател. Тие се добри за варење, срцето и мускулите. Тие содржат калиум, влакна и витамин Ц.

Зошто кучињата се цврсто приврзани кон нивниот сопственик?

Loading...

Боровинки

Исечете ги овие неверојатни сини бобинки на половина и слободно понудете ги на кучето. Тие имаат антибактериски својства и се добри за оралното здравје, а содржат витамини Ц и К, како и манган и растителни влакна.

Диња

Дињата е безбедно и здраво освежување за кучињата, но не треба да се дава со кора. Високата содржина на бетакаротин обезбедува добар вид и го зајакнува имунолошкиот систем, а дињите содржат и витамини А, Б6 и Ц, како и растителни влакна, калиум, фолат и ниацин.

 

 

Дали сте знаеле дека кучињата можат да почуствуваат вакви необични работи?

Loading...

Брусница

Можете да понудите брусница на вашето куче во сурова, варена или сува форма. Тие се одлични за здравјето на мочниот меур, непцата и имунитетниот систем затоа што содржат витамини Ц, Е и Б (тиамин, ниацин, рибофлавин и Б6).

Папаја

Ова егзотично овошје е идеална закуска за домашно милениче се додека се служи без кора и семки. Поради неговата висока содржина на витамини А, Ц, Е и К, фолат, влакна, калциум и калиум, тој е здрав за срцето, имунитетот, очите и варењето.

Малина

Треба да бидете умерени со малините, а повеќето кучиња ги обожаваат. Малините содржат витамини, минерали и антиоксиданти, така што тие се сојузник во спречувањето на карцином и заболувања поврзани со стареењето.

И кучињата влегуваат во пубертет и се однесуваат како адолесценти

Јагоди

Loading...

Полни се со антиоксиданти, јагодите помагаат во регулирање на шеќерот во крвта, имаат антиинфламаторни ефекти и го зголемуваат имунитетот. Отстранете го листот одозгора и исечете ги на помали парчиња.

Лубеница

За време на топлите денови, лубеницата ќе биде идеално освежување за вашето куче. Отстранете ја кората и семките бидејќи кучињата тешко ги варат и понудете им го ова слатко овошје кое ќе ги хидрира и ќе ги храни со ликопен, антиоксиданс кој спречува оштетување на клетките.

 

 

Loading...

Зошто кучињата никогаш не смеат да јадат чоколадо?

На списокот на забрането овошје за кучиња спаѓаат цреши, грејпфрут, грозје, лимони, лимета и сливи. Инаку, кога ќе понудите овошје на вашето куче за прв пат, гледајте како ќе реагира на тоа.

Исто така, секогаш консултирајте се со вашиот ветеринар за уредување на менито.

Leave a Reply