Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе

Сподели со своите пријатели

Четириесет и седумгодишен мотоциклист бил тешко повреден во сообраќајка што вчера се случила на патот Куманово – Свети Николе.

Loading...

– На 08.04.2024 околу 12.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Куманово – Свети Николе, во атар на село Орашец, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Т.С.(40) од Куманово и мотоцикл „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Д.Ч.(47) од Штип, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат оттаму, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Општа болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЛОШИ ВЕСТИ: УХМР најавува влошување на времето за празниците

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.

Никола Ивановски