Мотоциклист од Куманово тешко повреден при судир со „пунто“

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен мотоциклист од Куманово се здобил со тешки телесни повреди при судир со „фиат пунто“.

– На 03.05.2026 околу 15:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„1“ и крак од ул.„1“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(30) од Куманово и мопед „томос“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од М.М.(21) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општа болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работник тешко повреден од струен удар во Куманово, пренесен на скопските клиники

– Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово, стои во соопштението.

Никола Ивановски