Москва забрани влез на 62 канадски државјани

Сподели со своите пријатели

Москва го забрани влезот на 62 канадски државјани како одговор на уште едно продолжување на антируските санкции од страна на Отава, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Loading...

„Како одговор на уште едно продолжување на антируските лични санкции од страна на Канада на 27 јуни и 7 јули, во кои овој пат беше вклучен и патријархот Кирил, покрај официјални лица, новинари и експерти непожелни за Отава, забраната за влез се воведува за 62 канадски граѓани“, изјавија од Министерството.

Министерството додаде дека списокот ја земал предвид „особено непријателската природа на дејствијата на владејачкиот режим на премиерот Џастин Трудо, кои се спроведуваат со цел да се навредат не само мултиетничките и мултирелигиозните луѓе во Русија, но и православните верници ширум светот, вклучително и Канада“, а ја смета и „нивната злонамерна активност во борбата против рускиот свет и традиционалните вредности“.

Министерството за надворешни работи на Русија на својата веб-страница објави список на канадски државјани кои трајно се на црната листа.

„Со оглед на тоа што Канада „исфрла“ се повеќе нови русофобични санкции, наскоро ќе бидат објавени дополнителни одмазднички мерки од страна на Русија“, нагласуваат од Министерството, пренесува ТАСС.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.