Москва ја ограничува инфлацијата со значително повисоки трошоци за задолжување

Сподели со своите пријатели

Централната банка на Русија ги подигна клучните каматни стапки на највисоко ниво во повеќе од две години, предупредувајќи дека цените силно растат бидејќи производствените капацитети се трудат да ја одржат домашната побарувачка.

Loading...

Ја зголемија основната каматна стапка за два процентни поени, на 18 отсто, највисоко ниво во повеќе од две години, пренесува Хина.

Сега очекуваат дека стапката на инфлација годинава ќе биде од 6,5 до 7 проценти и ќе биде повисока отколку што прогнозираа во април.

Тие посочија дека затоа би можеле повторно да ги зголемат каматните стапки за да ја спуштат на целта од четири проценти.

Според нивните проценки, растот на цените во следната година би требало да забави на четири до 4,5 отсто.

Забрзување на инфлацијата

Инфлацијата во Русија моментално е 9,18 отсто и е забележително забрзана во однос на минатата година кога цените во просек пораснаа за 7,4 отсто. Во 2022 година беше блиску до нивото од 12 проценти.

„Инфлацијата забрза и значително ги надмина прогнозите од април. Домашната побарувачка сè уште расте посилно од капацитетот за понуда на стоки и услуги“, објаснуваат од централната банка.

Кредитирањето на граѓаните и фирмите континуирано расте, а работници нема доволно, додаваат оттаму.

Loading...

За да се врати стапката на инфлација на целното ниво, монетарните услови мора да бидат значително построги од досега претпоставените, нагласуваат оттаму и додаваат дека затоа на следните седници ќе размислуваат за евентуално дополнително зголемување на каматните стапки.

Руската економија го проби патот на балансиран раст, заклучи централната банка, зголемувајќи ја проценката за растот на БДП оваа година од 2,5 на 3,5 на 3,5 до 4,0 отсто.