Монодрама на Театар Куманово оди на фестивал во Германија

Сподели со своите пријатели

Претставата на Кумановскиот театар „Прво лице еднина“ е селектирана на Интернационалниот камерен театарски фестивал во Германија, кој од први до шести октомври ќе се одржи во Хановер.

Loading...

Монодрамата „Прво лице еднина“, е пред се за женската публика, бидејќи трга од мојата позиција како актерка и ликовите кои ги играм се претежно женски, но праќа силна порака и до мажите.

– Околу нас има многу жени кои секојдневно се борат и работат по 12 часа дневно. Жртвуваат се за своите семејства, за своите деца, за да обезбедат подобар живот, а никој не зборува за нив. Ова е претстава во која зборуваме токму за тие жени. Ние денеска сме ќерки, а утре ќе бидеме мајки и сакаме да имаме поддршка, бидејќи не знаеме кај ќе не однесе животот. Инспирацијата за мојот текст е од книгата „Добра ноќ за бунтовни девојчиња“, во која се зборува за жени кои направиле многу за сите нас, но останале на маргините на општеството, – раскажува младата актерка Владанка Крстевски, пренесува Кумановски театар..

ПРОЧИТАЈТЕ И:  26-годишен кумановец физички нападнал полицаец

– Зборуваме за жени од сите социјални статуси. Има толку многу примери и животни приказни, кои никој не ги знае, а не се помалку инспиративни од останатите. Во претставата можат да се пронајдат и мажите, бидејќи сите сме луѓе и сите зборуваме за исполнување на соништата, за раскажувањето на сопствената приказна, затоа што на сите ни треба поддршка. Нашата приказна треба да биде чуена од сите. Во суштина естетиката и наративот на претставата е за сите луѓе, меѓутоа приказната е раскажана преку жените на малку посензитивен и емпатичен начин,- додава режисерката Драгана Гунин.