МОН: Нов повик за финансиска поддршка за учениците

Сподели со своите пријатели

Министерството за образование и наука објави нов повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта, на кој можат да се пријават сите ученици кои ги исполнуваат условите, а не се пријавиле на првиот повик од декември, лани.

Loading...

Рокот за пријавување е продолжен поради зимскиот распуст и трае од 5 до 16 јануари 2024 година.

Јавниот повик е достапен на следниот линк:  Јавен повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари (mon.gov.mk)

Основците и средношколците што се пријавиле на првиот повик минатиот месец, не треба повторно да конкурираат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во министерството за енергетика просечната нето-плата е 105.628 денари, каде е најниската?

Исплатата на паричната поддршка по првиот јавен повик ќе се изврши во следните неколку дена. Учениците од основните училишта ќе добијат 1.200 денари месечно а средношколците 1.800 денари. Оваа помош е дел од 9.пакет антикризни мерки на Владата, со цел обезбедување подобри материјални услови за учениците на кои им е потребна социјална заштита во услови на повеќе испреплетени кризи.

Јавниот повик ќе се објавува секој нареден месец, а заклучно со мај 2024.

Интегрално соопштение: Министерство за образование и наука