МОН и БРО започнуваат јавна консултација за наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение

Сподели со своите пријатели

Сите чинители на воспитно – образовниот процес, можат да дадат свои сугестии за унапредување на постојните наставни програми за седмо и осмо одделение кои се веќе изработени и да учествуваат во изработка на новите за деветто одделение, преку електронските адреси [email protected], [email protected] и [email protected].

Loading...

Денес Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието  започнуваат јавна консултација за наставните програми од седмо до деветто одделение, со цел оние кои се веќе изработени да се унапредат, а новите кои треба да се подготват, да ги содржат сугестиите, особено на наставниците практичари, чие мислење е најважно во процесот на обликување на воспитно – образовниот систем.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Сите сплотени да продолжиме да чекориме по патот на нашите револуционери

Новата Влада ја одложи имплементацијата на Концепцијата за основно образование во седмо, осмо и деветто одделение, поради бројните реакции во јавноста дека интегрирањето на предмети ја отежнува реализацијата на наставата, но и на оценувањето, создавајќи конфузност и кај наставниците и кај учениците.

Незадоволството од нискиот квалитет на воспитно – образовниот процес иницира промени, кои неопходно е да бидат креирани преку поширок консензус. Ги повикуваме сите заинтересирани, а особено проактивност очекуваме од наставниот кадар, да ги достават своите сугестии најдоцна до 31 август. Во интерес на транспарентноста на процесот, МОН и БРО ќе ги споделуваат пристигнатите сугестии, а за сублимирањето и креирање заклучоци, ќе се дискутира на јавен настан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Сите сплотени да продолжиме да чекориме по патот на нашите револуционери

Надградените, односно новите наставни програми ќе се воведуваат етапно, во 2025 година во седмо, 2026 година во осмо и во 2027 година во деветто одделение.

Министерство за образование и наука