Ученикот, кој утрово со нож повреди четворица негови соученици во гимназијата во Вупертал на западот на Германија, боледувал од ментални нарушувања, изјави директорката на училиштето.
Loading...
Директорката на училиштето не соопшти повеќе детали за 17-годишното момче, јавува јавниот сервис WDR.
Полицијата околу 10.00 часот добила повик дека ученик нападнал други ученици во гимназијата и повредил најмалку четири лица.
Според извештаите, напаѓачот „сосема ненадејно“ со нож ги нападнал учениците кои биле во негова близина, меѓу кои и неговите пријатели, и на крајот се прободел во градите.
Заднината на нападот се уште не е позната.