Момче во Индија почина откако било оперирано од „доктор од Јутуб“

Сподели со своите пријатели

15-годишно момче почина откако осомничениот лажен лекар наводно користел YouTube во операциона сала за да научи како да изврши операција на тинејџерот.

Loading...

Кришна Кумар од североисточната индиска држава Бихар бил итно пренесен во болница откако повраќал и се чувствувал лошо, пренесува Дневник.хр.

Според дедото на момчето, Прахлад Прасад Шо, докторот Аџит Кумар Пури почнал да го оперира момчето без согласност на родителите.

На семејството подоцна му било кажано дека 15-годишното момче мора да има операција за отстранување на камења во жолчката.

По операцијата, здравјето на тинејџерот нагло се влошило, а осомничениот лажен лекар договорил момчето да биде пренесено со брза помош во друга болница. Кумар наводно починал на пат, а осомничениот лажен лекар набрзо побегнал од местото.

„Тој ја изврши операцијата гледајќи видеа на YouTube. Мојот син подоцна почина“, изјави член на семејството.

„Момчето имаше болки. Кога го прашавме докторот зошто боли, тој се сврте и праша дали сме ние докторот.“

Подоцна вечерта, по операцијата, момчето престанало да дише, пишува NZHerald.

Loading...

Полицијата врши увид и телото е испратено на обдукција.

Властите се уште се обидуваат да го лоцираат лицето кое ја извршило операцијата.