Молдавската претседателка Маја Санду денеска пристигна во Киев за да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски за, како што рече, прашањата за безбедноста, енергијата, инфраструктурата, трговијата и меѓусебната поддршка на патот кон ЕУ.
„Денеска во Киев на разговори со претседателот Зеленски. Донесов силна порака за поддршка за Украина и нејзиниот народ. Нивната храброст го обезбедува нашиот мир. Ќе разговараме за прашањата за безбедноста, енергијата, инфраструктурата, трговијата и заемната поддршка на патот кон ЕУ. Молдавија останува сигурен сосед“, нагласи Санду во објавата на мрежата Х.
Се очекува Санду во Киев да има средби и со украинскиот премиер Денис Шмихал и со претседателот на Врховната рада Руслан Стефанчук, пренесува Укринформ.
„Важна точка на дневниот ред е енергетската криза предизвикана од Русија, која доведе до зголемување на цените на енергијата на десниот брег на Днестар, ги остави жителите на левиот брег без топлина и струја и може да има последици за регионалната безбедност“, нагласи прес-службата на молдавскиот претседател, наведува украинскиот портал, пренесува Танјуг.