Моќен соработник на Путин го посети Херсон

Сподели со своите пријатели

Заменик-шефот на кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин, Сергеј Кириенко го посети окупираниот украински град Херсон.

Loading...

Киријенко, поранешен шеф на руската државна нуклеарна компанија Росатом, го посети пристаништето со траект од кое се евакуираат цивили од Херсон, изјави прорускиот гувернер на окупираниот полуостров Крим, Сергеј Аксонов.

Руските сили во ХерсоСите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.н се подготвуваат за украински контранапад

„Работата за организирање на евакуацијата на цивилите е завршена“, рече Аксонов.

Киријенко, еден од најмоќните функционери на Кремљ, се сретна и со персоналот во окупираната нуклеарна централа Запорожје, според руски извори.

Да потсетиме, Русија се подготвува за украинска контраофанзива чија цел е ослободување на градот Херсон и нареди цивилите да се евакуираат.

Проруските лидери ги поканија мажите кои останаа во градот да се приклучат на локалната милиција.