Модерна го тужи Фајзер за mRNA вакцината

Сподели со своите пријатели

Фармацевтската компанија Модерна ги тужеше Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтек за прекршување на патент во развојот на првата американска вакцина против Ковид-19, тврдејќи дека тие ја копирале технологијата развиена Модерна години пред пандемијата.

Loading...

Тужбата, со која се бара неодредена парична отштета, е поднесена во Окружниот суд на САД во Масачусетс и Регионалниот суд во Дизелдорф, Германија, објави денеска Модерна.

„Ги поднесуваме овие тужби за да ја заштитиме иновативната технолошка платформа mRNA која првпат ја развивме, инвестиравме милијарди долари во создавањето и патентирањето во текот на деценијата што претходеше на пандемијата КOVID-19“, рече извршниот директор на Модерна, Стив Банселс во изјавата за Ројтерс.