Мнозинството членки на АПЕК ја осудија војната во Украина

Сподели со своите пријатели

По ден и пол дискусии во Бангкок, членовите на АПЕК, вкупно 21, се согласија на заедничка декларација во која го критикуваат конфликтот и нарушувањата на глобално економско ниво предизвикани од руската инвазија на Украина.

Loading...

Повеќето земји-членки остро ја осудија војната во Украина, нагласувајќи дека таа предизвикува огромни човечки страдања и ја зголемува кревкоста на светската економија.

Конечната декларација беше прифатена од сите земји, вклучително и Русија и Кина, кои се воздржаа од отворено критикување на Москва за инвазијата.

Во соопштението се наведува дека имало различни гледишта и различни оценки за ситуацијата и санкциите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

Декларацијата е речиси идентична со декларацијата што претходно ја договорија членките на Г-20 на самитот во Индонезија.

Во неа се изразува жалење за последиците од конфликтот во Украина врз економскиот раст, инфлацијата, синџирите на снабдување и безбедноста на енергијата и храната.

САД и нивните сојузници ја искористија можноста на самитот на Г-20 да ја прошират коалицијата против руската инвазија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...