По повод Денот на спортот, 6-ти април, прогласен во знак на сеќавање на првит емодерни олимписки игри одржани во 1896 година во Атина, Младинската организација на ДПСМ заедно со Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ од Куманово организираат спортско-културен хепенинг на градскиот плоштад во Куманово.
Со најмладите граѓани на Куманово и со сите кумановци ќе се дружи една од најдобрите ракометарки на ЖРК „Вардар“ и репрезентативка на Република Србија, Андреа Лекиќ.
Настанот започнува во 12 часот.