Младите музички таленти настапија на концерт во Театар Куманово (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

Учениците од музичките училишта, почнувајќи од најмладите па до студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје, вчеранавечер се претставија пред кумановската публика, со дела на познати светски класици.

Loading...

 

[huge_it_gallery id=”75″]

 

Под покровителство на Министерството за култура и Општина Куманово, младите музички таленти настапија во Театар Куманово а во организација на Здружението за култура и уметност ”Проарт” од Куманово.

Со вечерашниот концерт, сакаме да го свртиме вниманието на младата популација за тоа, каков вид на музика треба да слушаат почесто, вели Орхан Шакири, претседател на Здружението ”Проарт”.

– Нашата цел со организирање на вакви концерти е да создадеме своевидна култура на живеење кај младите, со цел од нив да создадеме познати музички имиња од светот на сериозната музика, вели Шакири.

Loading...

На концертот беа изведени дела од Л.В. Бетовен, Јан Ван Хал, Шопен, Т.Харапи. Т.В Глук и Прокофиев, во пијано придружба на професор Магдица Димитриевска.