Младите лидери дел од менторски форум во Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Млади лидери учествуваа во рамки на 4-от менторски младински форум во рамки на проектот Зен 2.0 Караван, организиран од Здружението Икуалити.

Loading...

На форумот земааа учество 7 лица на возраст од 16 до 24 години, ученици и студенти од општинските средни и државни високо-образовни институции: 43% на возраст од 15 до 17 години, 43% на возраст од 18 до 20 години, 14% на возраст од 21 до 24 години.

 

 

Младите на Форумот, кој се одржа на 22 ноември 2024 година, во МултиКулти центарот во Куманово најпрво ги проследија следните менторски обуки: „Јавен настап и креативно себепрезентирање“ за унапредување на индивидуалните комуникациски вештини, обуката „Како до успешно индивидуално и групно застапување“ успешно самозастапување пред различни институции и тела во рамки на правниот поредок во земјата, но и на меѓународно ниво и третата обука насловена „Физички и ментален имунитет“ посветена на техники и методи за одржување на стабилен имунитет на физичко и писхичко ниво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Очигледно се работи за добро организирана група, вели Тошковски за инцидентите во Куманово

 

Loading...

 

Младите учесници од Општина Куманово во периодот кој следи ќе делуваат како неформална група која ќе има за задача преку стекнатите вештини и искуство да создадат позитивни општествени промени. За таа цел во наредниот период ќе се насочат кон избирање на еден суштествен и значаен проблем од интерес за нив – како млади лица, но и за сите граѓани на општината и со поддршка на менторите ќе се обидат да предложат и спроведат решенија за истиот.

 

 

По успешните форуми во Општина Аеродром, Гостивар, Битола и Куманово, Зен 2.0 Караванот продолжува со подготовките за делување во Општина Струмица и понатаму иницирајќи соработка со организации кои работат во областа на младински прашања, како и со локалните власти со цел остварување на предложените решенија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа опожарена во Куманово

 

Loading...

 

Повикот за  млади лица – учесници од Општина Струмица ќе биде објавен во почеток на месец јануари 2025 година.