Младите кумановци може да се пријават за обука за дигитални вештини

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот центар за вработување ги повика младите, невработени лица да се пријават за мерката-обука за развој на дигитални вештини. Како што соопштија денеска надлежните од Центарот, мерката е наменета за младите до 34 години со средно образование.

Loading...

– Целта е да се надградат вештините на невработени од информатичките технологии. На овој начин преку обуките тие ја зголемуваат својата конкурентност на пазарот на трудот, изјави, раководителката на центар за вработување Куманово, Марија Димитријевска.

Во кумановскиот центар за вработување слободно места има за три модули, микрософт дата аналисти-, microsoft data analyst, јава девелопер -java developer и клауд администратор- cloud administrator.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обработени сите гласови во Куманово: Димитриевски победи

Младите, првин прелиминарно ќе се тестираат за да се оценат нивните знаења за да можат да ја следат обуката. По завршување на првичната селекција, се склучуваат договори. Обуката за модулите е различна и зависи од материјата која треба да се обработи.

– Да ги повикам младите лица од Куманово да се пријават, бидејќи станува збор за обуки коишто се доста скапи, а сега имаат можност преку обуките да се сеткнат со дополнителни знаења. Сертификатите се признаени и ценети на пазарот на трудот. Праксата покажа дека оние кои успешни ги завршуваат овие обуки, брзо се интегрираат на пазарот на труд, изјави Димитриејвска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Имаме нефункционални институции и затоа граѓаните решија ова да го сменат

Во Куманово според последните обработени податоци од 31 август, годинава од вкупно 12.223 активни баратели на работа 3.546 се млади до 34 години.

МИА