Претставници на младиснките организации, како и УНДП и Агенцијата за млади и спорт денеска во кружната сала на поранешен Комитет, дискутираа за Националната стратегија за млади, заедно со претставници на кумановските членови во нивните организации.
Националната стратегија за млади ја формира Агенцијата за млади и спорт, првин креирана во 2004 година, а со оглед на измените на општествените состојби сега ќе се креира нов документ за 2015/2016 година, а вакви дискусии ќе се реализираат низ целата држава.
Со оваа дискусија завршуваме со дискусиите на локално ниво, и веќе на 10-ти ќе се одржи првата Национална дискусија во Скопје – вели Зорица Стаменковска од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.
Станува збор за стратегија креирана од млади лица, а се однесува на младинското иформирање, локалната работа на младите, вработувањето и подршка при развој на сопствен бизнис, култура, спорт и сл.
Младите никогаш не се доволно запознаени со она што се случува. Ние работиме од февруари па се до денес и досега имаме вклучено повеќе од 400 или 500 млади лица – вели Дејан Докузовски од Програмата за развој на Обединетите Нации.
Досега се изработени над 40 вакви работилници, а се очекува проектот да продолжи и во иднина.