Кошаркарите на МКК Куманово дојдоа до уште еден успех во Плеј-аут лигата, беа подобри од екипата која во наредната сезона ќе игра во понизок ранг…

Со нешто изменета стартна петорка, „сино-белите“ се изборија за солидно водство во првата чегвртина (21:14), кое до полувремето го зголемија на (47:38).

Слишно се одвиваа работите на паркетот и во второто полурвеме, кумановци од минута во минута ја зголемуваа позитивата која по три одиграни четвртини веќе беше и недостижна за гостите од Скопје (76:58).

Доволна за да дојдат до позитивен ефект, (13-12), и да ја сочуваат првата позиција во Плеј-аут делот од „МТЕЛ“ Супер лигата.

Радукиќ беше прв стрелец во екипата-победник, постигна 23.поени (имаше и осум скока и четири асистенции). Еден поен помалку, како стартер, уфрли Ѓуроски,а искуснито репрезентативец имаше и осум скока и пет асистенции. Стевановиќ застана на бројката од 17.поени (шест скока и четири асистенции), додека Луковиќ додаде 14.поени (и девет скока).

Во екипата на Ангели, Стефанов реализираше 24.поени (шест скока и две асистенции), а Кечовски дополни со 16.реализации.


















Текст: КФСМ / фото: Никола Ивановски

