МКК Куманово го совлада Тиквеш

Сподели со своите пријатели

Голем пресврт, и уште поголема победа реализираа кошаркарите на МКК Куманово на премиерата пред своите навивачи и дуелот со екипата на Тиквеш Голден Игл.

Loading...

Го режираше еден од најјискусните во нивните редови, капитенот Марјан Јанески, кој во продолжението од пет минути постигна осум поени во серија, доволно за да го однесе кумановскиот состав кон првиот успех во новата сезона.

Американецот Грин беше вистинско изненадување за одбраната на МКК Куманово, особено во првото полувреме во кое кавадарчани имаа постојана резултатска предност.

Реализираше 14 од оние 37. поени за Тиквеш во тие 20.минути во кои гостите имаа и повисока, поголема позитива. Во 18.минута водеа со 12 поени (35:23), пред кумановци да постигнат седум поени по ред, и намалат на (30:37). Најголем удел во оној поентерски дел имаше Тадиќ, кој реализираше 13.поени за домашната екипа во полувремето од овој премиерен меч за МКК Куманово пред својата публика.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  28-годишен кумановец ја нападнал невенчаната сопруга

Радукиќ беше вториот играч во МКК Куманово кој дојде до двоцифрен ефект, но доста изедначено се играше во воведните минути од третата четвртина, што значеше дека кавадарчани се на иста резултатска „дистанца“, односно водство (43:36). Но, само три поени од негативата надополнија „сино-белите“ во тие десет минути. На влезот од последниот период, кавадарчани водеа со (55:51). И имаа свој моментум, кој ги донесе и до уште повисоко водство (66:57), по две минути играње во последната делница од мечот.

Но тоа не беше и гаранција за победа, затоа што кумановци најдоа начин да се вратат и комплетно во натпреварот. Од минута во минута ја топеа негативата, а по поените на Радукиќ, дојдоа и на само половина кош минус (69:70). Но што е уште поважно, и доста време за да направат комплетно „враќање“, цели четири минути.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени тинејџери од Куманово, нападнале 18-годишник

И успеаја во тоа кошаркарите на тренерот Марин Докузовски. Имаа водство (77:72), на влегувањето во последните 60.секунди од играта.

Но со тројка, на 10.секунди пред крајот, го поништи Квери, за (79:79) и екстра период од пет минути.

Loading...

А кога најмногу треба, тука е капитенот, Марјан Јанески се претвори во човек на одлука во тие дополнителни пет минути. Се што шутна погоди искусното крило, даде осум поени во серија, и со тројката која дојде од Радукиќ, му донесе на својот тим водство од (90:85), кое со две реализирани слободни фрлања го поврди Тадиќ.

Двоецот Радукиќ-Тадиќ (заедно 50.поени), потпомогнати од Јанески и неговите 16. реализации, но и ефектот на Волер, односно неговите 11.поени, ја донесе првата победа за МКК Куманово во новата сезона.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови за мотоцикли, облека, обувки и вино запленети на Табановце

Кавадарчани може само да жалат за пропуштената шанса, не го искористија одличното издание на Грин, кој заврши со ефект од 44.поени, 5,скока и 4.асистенции.

КФСМ