Владејачката воена хунта во Мјанмар денеска прогласи една недела на жалост поради силниот земјотрес што неодамна го погоди регионот, при што загинаа повеќе од 2.000 луѓе, а речиси 300 се водат како исчезнати, а 4.000 беа повредени.
Минутата молчење ќе започне во 12:51 часот по локално време, точно кога се случи земјотресот во петокот, јавува Би-Би-Си.
Помошта дојде во Мјанмар од целиот свет, вклучително и тимови од Русија, Кина и САД, но спасувачките групи предупредуваат на појава на болести, додека лошата инфраструктура и мноштвото граѓански конфликти сериозно ги попречуваат напорите за помош.
Бројот на жртвите во Тајланд е 20, додека се претпоставува дека околу 70 луѓе се заглавени под урнатините во Бангкок, пренесува Танјуг.