Некаде во руските мочвари, не така далеку од Санкт Петербург се наоѓа радио емитер. Тоа инаку би бил апсолутно обичен радио емитер, еден од милионите краткобранови емитери кои ги има ширум светот. Меѓутоа овој е посебен.
MDZHB; познат и под имињата UZB-76, UVB-76 или едноставно „The Buzzer“ започнал да емитува во текот на раните седумдесети години никој не знае која е неговата намена. Сега може да го слушне секој, доволно е да има радио и да ја подеси фрекфенцијата на 4625kHz.
Нема да битете претерано воодушевени затоа што постојано се појавува истото зуење, истиот ритам секој ден и тоа цел ден, 25 пати во минута ќе го слушнете зуењето кое не престанало ниту еднаш откако во јавност изглегла информацијата за постоење на мистериозната станица. Еднаш или два пати неделно се вклучува во каналот некоја личност, зборува на руски два-три зборови и зуењето продолжува.
Научниците се обиделе да дадат некое објаснување, но ниту едно не било целосно точно. Првин мислеле дека стнаицата емитува известувања на руските шпиуни ширум светот. Посебно кога се снимени и некои имиња. Комуникацијата со шпиуните е нешто што не може сигурно да се спроведе. Дури ниту најбезбедносните канали на модерна комуникација не се целосно безбедни.
Loading...
Пресретнувањето на СМС пораки или повици е тривијална задаче. Прегледувањето на пораките преку разни апликации исто така не е недостижна цел за разузнавачките агенции. Радиската комуникација, пред се еднонасочната, скоро е непробоен начин на комуникација. ЗНаете кој ја праќа порака, но не можете да знаете кому истата порака е наменета. Посебно затоа што овие пораки се шифрирани.
Ако UZB-76 навистина служи за комуникација со шпиуните, никој не ја пробил екнрипцијата, а ако и успеал, сигурно нема да излезе во јавност со тие информации. Британците тоа најдобро го покажаа за време на Втората светска војна кога успеале да улова нацистички шпиони затоа што имале неколку двојни агенти за кои нацистичките разузнавачи не знаеле.
Друга интересна теорија е дека UZB-76 претставува мртовечки емитер за рускиот нуклеарен арсенал. Теоријата вели дека автоматизирани систем тука ја следат фреквенцијата 1625kHz и дека можат да ги лансираат сите руски нуклеарни бомби на претходно одредени мети без било каква човечка наредба или одбрение.
ВВС напоменува дека тоа и не е претерано веројатно. Имено, краткобрановите преноси користат одредена специфичност на Земјината атмосфера и мора да им се приалгодуваат. Константното зуење емитува идентичен сигнал со идентична сила.
Најубедливата теорија вели дека UZB-76 е хибрид на сето наведено. Константното повторување на истиот тон означува дека фрекфенцијаа е зафатена, а ако дојде до потреба, лесно може да се испрати канал на комуникација за издавање упатства на руските шпиони ширум светот и руската војсна на домашна територија.