Мислела дека се допишува со Илон Маск, па изгубила 26.000 евра

Сподели со своите пријатели

Измамник кој се претставувал како Илон Маск убедил постара жена од Бразил дека е „заљубен“ во неа откако се „запознале“ на Фејсбук.

Loading...

Неименуваната жртва (69) од Бразил го испратила својот телефонски број за да можат да се допишуваат на Телеграм, верувајќи дека станува збор за американскиот милијардер.

Подароците никогаш не пристигнале

Странските медиуми јавуваат дека тие со часови разменувале пораки во период од три месеци.

Жената немала поим што ѝ се подготвува, а во телефонот го зачувала бројот на измамникот како „Love Elon“.

„Лажниот Илон Маск почнал да бара пари од жртвата, ветувајќи дека ќе испрати подароци, како што се цвеќиња и накит. Тоа, се разбира, никогаш не стигнало до нејзината адреса“, рече началникот на цивилната полиција Хозе Сена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колумбискиот претседател бара формални оставки од членовите на кабинетот

Тој додава дека измамникот побарал и пари за „да купи гориво за неговиот авион“, пренесува Дејли Мејл.

Децата го пронашле пораките

На почетокот, жената му префрлила на лажниот Маск 172 и 517 долари, но подоцна се согласила да му плати околу 10.700 и 16.000 долари (вкупно околу 26.000 евра).

Парите завршиле на неколку банкарски сметки, отворени со лажни имиња.

Loading...

Грозоморната измама ја откриле децата на несреќната жена, откако пронашле пораки во кои се спомнуваат планови за продажба на семејната куќа за 86.000 долари!

„Се ќе им докажеме“

Измамникот ѝ ја испратил на жртвата следнава порака: „Љубов моја, откако ќе ја продадеш својата куќа, имам сериозна платформа за инвестирање“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маск: Дали целата левица е голем куп крадци?

Покрај тоа, тој ветил враќање на парите од повеќе од 600.000 долари за само три дена.

Таа одговори: „Ме обвинуваат дека праќам пари. Но, ние ќе им докажеме се. Немаме што да криеме“.

Лажниот Маск одговорил: „Да, љубов моја, секако, но треба да ги изненадиме децата, а тоа не е добро време“.

Полициско предупредување

Полицијата верува дека Бразилката била цел на организирана криминална група и дека може да има и други жртви.

„Ги советуваме семејствата да обрнат внимание на постарите членови, особено ако поминуваат многу време разменувајќи пораки на различни апликации. Доколку постои сомнеж, треба да проверат дали лицето од другата страна навистина постои и дали испраќа финансиски барања“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран ја одбележува 46-годишнината од Исламската револуција

 

Loading...