Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел предложи меѓународен договор за пандемии во рамки на Светската здравствена организација (СЗО).
– Бројот на епидемии е зголемен во претходните децении. Знаевме дека светот не е имун на голема пандемија. Сепак, фатени сме неподготвени. Тоа е еден вид неуспех и мораме да извлечеме поука од тоа, истакна Мишел.
Според него, „огромното достигнување во развојот на вакцините за помалку од една година, наместо вообичаените десет години, се должи на глобалната соработка без преседан и мобилизација на научната заедница и индустријата, на кои властите им пружија потребна поддршка и финансирање“.
Тој предложи оваа мобилизација и меѓународна солидарност да бидат основа на новиот меѓународен договор во рамки на СЗО за лекување при идни пандемии.
– Принципот за универзален пристап кон новите вакцини против Ковид-19 е од клучно значење. Наша цел мора да биде гаранцијата за пристап до вакцини, лекување и тестови за идните пандемии. Тоа треба да се внесе во договорот, нагласи Мишел.
Габриела Точко