Мирковски поднесе оставка, КК Куманово ќе го предводи Ѓорѓиевски

Сподели со своите пријатели

Владимир Мирковски од денеска не е тренер на Кошаркарскиот клуб Куманово, дознава Кумановски Муабети.

Мирковски си поднел оставка од морални причини по низата неуспеси на клубот во текот на првиот дел од сезоната.

Информацијата за Кумановски Муабети ја потврдија и од Управата на КК Куманово, од каде велат дека негова замена ќе биде досегашниот помошник тренер Игор Ѓорѓиевски.

 

 

Ѓорѓиевски беше тренер на клубот пред на таа позиција да дојде Мирковски.

Куманово моментално е на неславно претпоследно место од табелата, и од 11 одиграни натпревари има запишано само две победи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Познати добитниците на наградите за ФИЛМАЈ 2026 во Куманово

Никола Ивановски