Министерството за правда ќе поднесе нови барања за екстрадиција на Груевски, Исмаиловиќ и Демири

Сподели со своите пријатели

Министерството за правда во наредниот период ќе поднесе нови барања за екстрадиција на Никола Груевски, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири.

Loading...

За Никола Груевски досега е испратено едно барање за екстрадиција од ноември 2018 година и едно дополнување на барањето за екстрадиција од јуни 2019 година.Екстрадицијата е побарана за сите случаи за кои имавме сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи,односно за сите постапки за кои е распишана потерница.Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 05.08.2019 година со образложение дека на Никола Груевски му е даден азил и согласно нивниот закон лицето не може да биде предадено на државата од која избегал.Состојбата со сите судски постапки внимателно се следи а Министерството за правда ќе постапи соодветно и ќе поднесе ново барање за екстрадиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква била улогата на Куманово во обновување на разурнатото Скопје?

За Лицата Алил Демири и Африм Исмаиловиќ прв пат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15.03.2013 година.Барањето за екстрадиција беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година , потврдено и од Апелациониот суд на Косово јануари 2016 година.Екстрадиција повторно е побарана за двајцата на 05.09.2018 година. На 08.10.2021 година добиено е известување од Министерството за правда на Косово дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива , а за Демири нема одговор.Во постапките , се што беше побарано од косовските власти беше доставено.

Официјални одговори од Косово со кои се одбива екстрадицијата на Исмаиловиќ се испратени два пати , февруари 2016 година и октомври 2021 година. За Демири има официјален одговор од Косово во февруари 2016 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВРЕМЕПЛОВ: Потресни сведочења на преживеаните од земјотресот во 1963

Апелациониот суд Скопје донесе пресуда со која ја потврди првостепената одлука за ,,Монструм” со која Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се правосилно осудени на доживотна казна затвор. За овие лица Министерството за правда повторно ќе поднесе ново барање за екстрадиција.

Интегрално соопштение: Министерство за правда