Министерката за култура додели признанија на актерите од „Бегалка“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска им врачи признанија на актерите од претставата „Бегалка“.

Loading...

 

 

Како што истакна директорот на Центар за култура „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодорвски, ова е култна претстава со која се поистоветува секој кумановец.

– По повод претставата „Бегалка“ која е изиграна во 1971 година во Театар Куманово напишана од Васил Иљоски и е една култна театарска претсатва и нема кој кумановец не се поистоветува со неа. Почестени сме дел до актерите и семејствата на оние кои учествувале во претставата да им доделиме благодарници. Се надевам дека оваа претстава ќе трае уште многу години, рече Тодоровски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец крадел од паркирано возило

 

Loading...

 

Во своето обраќање министерката  Костадиновска Стојчевска рече дека оваа претстава стана трајно културно наследство во драмската литература и театарската историја на Македонија.

– Кумановскиот театар со денешното одбележување на 95-годишнината од првото изведување на претставата „Бегалка“ во тогашниот скопски театар дава почит на безвременското ремек дело на нашиот драматург, есеист и критичар Васил Иљоски и на кумановската екипа на „Ленче Кумановче“ од почетокот на 70-тете години. Актерите од оваа постава која стана култна за македонскиот театар со својата оригинална изведба останаа замапетени како Ленче, Бошко, Донка, Аџи Трајко, Велика. Токму драмата Бегалка омилената „Ленче Кумановче“ остави неизбришлива трага во македонскиот театар и литература со што одигра и клучна улога во обликувањето на македонската драмска уметност, рече министерката.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено пукање во липковско, полицијата не открила ништо

 

 

Нашето културно наследство, вели таа, е одраз на нашиот идентитет, нашите вредности и македонската историја.

– Нѐ поврзува со нашите корени, и ни дава чувство на припадност. Преку нашите културни изрази како што е претставата „Бегалка“ ги пренесуваме нашите приказни, обичаи и колективна меморија на гернереции после нас. Зачувувањето на нашето културно наслество не е само наша обврска, туку и привилегија и чест, додаде министерката.

Loading...

 

 

За актерите кои повеќе не се меѓу живите, министерката и Центарот за култура доделија благодарници на членови на нивните семејства.

 

Никола Ивановски