Минирано најголемото складиште за воено оружје во Источна Европа? „Ако експлодира, ќе биде како Хирошима“

Сподели со своите пријатели

Поранешниот воен инспекторат на Министерството за одбрана на Молдавија објави дека вооружените сили на Придњестровје поставиле експлозиви во сите складишта за оружје во отцепениот регион, вклучително и складиштето за муниција Кобасна, така што доколку започне каква било воена операција, тоа би предизвикало катастрофална штета на делови на Молдавија, Придњестровје и Украина.

Loading...

Магацинот за муниција Кобасна е најголем во Источна Европа и содржи до 20.000 тони оружје и муниција од советската ера.

Молдавската академија на науките предупреди дека само експлозијата во тој магацин ќе биде идентична со оние во Јапонија кога Американците фрлија атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија ја престигна Германија и стана најголемиот руски снабдувач на фармацевтски производи

– Студијата на Молдавската академија на науките предупреди дека ефектот од експлозијата во магацинот ќе биде еквивалентен на атомските бомби од Хирошима и Нагасаки. Бидејќи на оружјето му е истечен рокот, магацинот треба што поскоро да биде ставен под меѓународна контрола. Овие контроли се исто така важни за да се спречи оружјето да дојде во рацете на странските борци – нагласи поранешниот министер за одбрана на Молдавија, Виталие МаринутаИм, пренесува ДВ.

Да потсетиме, Придњестровје е дел од Молдавија, која по кратка војна во 1992-1993 година остана под контрола на руската 14-та армија, која беше распуштена во 1995 година, а областа ја чуваат мировните сили.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова објаснува зошто Западот ја променил приказната за терористичкиот напад

Некои руски медиуми јавуваат дека Украинците се подготвуваат за напад на областа.

Приднестровје повторно стана фокус од 24 февруари 2022 година, кога започна руската инвазија на Украина.

Придњестровје, односно непризнаената Република Приднестровје, има огромен воен потенцијал, неколку магацини за оружје кои се доволни за опремување на армијата на една мала земја.

Loading...

Инаку, локалните сили бројат максимум 5.000 луѓе под оружје, а во таа бројка има 1.500 руски мировници.