Минералната вода од чешмите во Проевце не содржи патогени бактерии

Сподели со своите пријатели

Минералната вода која истекува од чешмите во кумановско Проевце може да се кознумира, но во умерени количини. Сепак, годинава споредено со претходните години испитувањата покажуваат дека не е пронајдена бактерија како што тоа беше случај во изминатите години во овој период, јавува порталот Репортер повикувајќи се на изјавата на Мимоза Величковска, специјалист од Центарот за јавно здравје во Куманово.

Loading...

Во однос на микробиолошкиот квалитет земените примероци од вода од минералната чешми од Проевце одговараат во однос на барањата за овој квалитет, потврдуваат испитувањата кои ги изврши Центарот за јавно здравје Куманово. Ова значи дека водата може да се користи, вели Величковска.

Примероците биле земени на 17 јуни и набргу по анализата добиени се резултатите. Сепак, нагласи Величковски, оваа вода не треба да биде замена за обичната вода, туку треба да се зема како напиток и да се конзумира како што се конзумира сок или друг напиток.

– Мора да напоменам дека за физичко-хемиска анализа не се земени примероци, бидејќи составот го знаеме, се следи со години и децении континуирано, тоа се природни минерални води со зголемена содржина на минерали. Ова подрачје изобилува со концентрации на арсен кои не се вклупуваат во новите правилници. Можам да кажам дека согласно новите правилници, концентрациите на асрсен се нешто поголеми од масимално дозоволените, со тоа што сега во однос на хемискиот состав водата не е исправна за пиење, изјави Величковска.

Претходните години во осумтте чешми при испитувањето на надлежните од Центарот за јавно здравје се забележуваше појава на бактерии како што беше „псеудомона аерогеноза“.

Извор: Репортер.мк