Минал 34 години во затвор иако бил невин, сега излегува на слобода

Сподели со своите пријатели

Во 1989 година, Сидни Холмс (57) беше осуден на 400 години затвор за учество во вооружен грабеж.

Loading...

Ниту полицијата, ниту обвинителството немале цврсти докази против него, жртвите не го ни препознале, но пресудата била донесена, пишува CNN.

Последните 34 години ги поминал зад решетки. Никогаш не го признал делото и упорно повторувал дека е невин, но никој не го слушал.

А знаете и дека затворите се полни со „невини“.

Таму во 2020 година, Холмс, со помош на организација која им помага на затворениците, контактирал со обвинителството и побарал да се разгледа неговиот случај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Приказната оди вака. Во 1988 година, двајца непознати мажи ограбиле брачен пар пред продавница во округот Бровард и заминале во непознат правец.

 

Loading...

 

Неколку недели подоцна, и покрај тоа што имал алиби, неговиот автомобил не одговарал баш со описот на оној од местото на злосторството…

Полицијата го привела. Го обвиниле дека бил возач за време на грабежот.

Ги донеле жртвите, но при полициската идентификација не го навеле како виновник. Тие се само од вториот.

– Чуден сплет на околности довел до тоа да биде обвинет. Немало сведоци, немало физички докази… – велат од граѓанското здружение кое успеало да го ослободи Холмс од затвор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Неделава конечно беше отфрлено обвинението против него и по 34 години повторно е на слобода.

– Никогаш не изгубив надеж и знаев дека ќе дојде мојот ден. Едвај чекам да ја гушнам мајка ми во слободниот свет за прв пат по 34 години – изјави Холмс.