Милионер по сообраќајната несреќа, го дал целото богатство за да им помогне на другите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Милионер и бизнисмен го дал целото богатство за да ги подобри животите на другите луѓе. Оваа преобразба настапила откако имал сообраќајна несреќа по која завршил во затвор. Потоа ја запознал љубовта на својот живот. Неговата приказна е уште од 2017. година, но го освои светот.

Мази Думато (38) по потекло е од Дамаск, Сирија, а пораснал во Бразил и Дубаи. Еден ден имал сообраќајна несреќа во Дубаи кога возел „ферари“ од 150.000 долари.

 

Loading...

 

Потоа завршил во затвор, по што сам одлучил дека сака да престане со својот „плејбој“ живот и да започне да патува во комбе.

Тогаш ја запознал сопругата Милена и одлучил своето богатство од три милиони долари да го донира на семејства на кои им е потребно за да ги подмират здравствените сметки и другите потреби.

Сега Думато, кој заработува со веб дизајн, маркетинг и недвижнини, живее во Јужна Америка, а тој и Милена стално патуваат.

Кога на Милена и дијагностицирале рак на дојка, морала да оди на операција, па тој на нејзиното лекување потрошил околу 700.000 долари.

За време не нејзиното заздравување тие основале Центар за превенција од рак во Бразил и започнале да згрижуваат семејства на пациенти заболени од рак.

На тоа потрошил дури милион долари, а исто така изнајмува недвижнини, па парите ги користи во хуманитарни цели.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА: Слон се прошета низ центарот на градот (ВИДЕО)

 

Остатокот од парите ги искористил за да плати сметки на други луѓе, но и за третманите на својата жена и нејзиниот брат.

– Ги дадов сите свои пари. Кога го напуштив Дубаи, имав околу три милиони долари. Милион потрошив на имот, а два милиони на болнички смети, за мојата жена и нејзиниот брат кој имаше тумор на мозокот, поради што и натаму е во болница, рекол тој.

Думато истакнува дека сообраќајната несреќа била пресврт во неговиот живот и дека го навела на поскромен начин на живот.

 

Loading...

 

– Купив „ферари“ и мислев дека го постигнав она што го сакам. Започнав да брзам и потоа ми се случи несреќа. Заспав и завршив под камион, рекол тој.

Потоа завршил во затвор, каде го сретнал таткото на својот добар пријател. Тој му помогнал да се снајде и да добие душек и перница.

Таму сфатил дека не е важно кој е и дека има се што му е потребно во тој момент. По излегувањето од затворот започнал да патува и тогаш ја запознал својата сопруга.

– Бев во клубот во Бразил и потоа една вечер ја слушнав жена ми која зборуваше за Африка. Таа волонтираше во Конго откако излезе од болница по леукемијата. Тогаш одлучи да им помага на тие луѓе. Волонтираше за Обединетите нации, а во Конго мина околу година дена. Набргу започнавме да живееме заедно, рекол тој.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СНИМКА КОЈА ГИ РАСПЛАКА СИТЕ: Се омажи во болница за да ја исполни последната желба на татко ѝ

 

Парите ги донирале во хуманитарна организација во Доминиканска Република, посетиле бегалци од Хаити, а тогаш и сфатил дека на тие луѓе им е потребно неговото време, а не само парите.

Думато верува дека секој би требал да има пристап до бесплатна здравствена заштита и сака да помогне колку што може. Основал компанија која продава предмети од целито свет со цел да собере пари за да ги финансира своите проекти.

Leave a Reply