Милијардери без факултет: Како да станете успешни без диплома?

Сподели со своите пријатели

На листата на Forbes има 400 милијардери, од нив 63 немаат ништо повеќе од средношколска диплома. Повеќето сами го создале богатството.

Loading...

Милијардери без факултет се Бил Гејтс, Ралф Лорен, Марк Закерберг, Тед Тарнер, Стив Џобс и други. Како овие луѓе заработиле толку пари со толкаво мало формално образование? Што може да се научи од нивната приказна?

Милијардерите кои се откажале од студирање очигледно знаат што прават. Во просек тежат 9,4 милијарди долари. Од друга страна, милијардерите со докторат во просек имаат 3,2 милијарди долари. На листата на Forbes  има повеќе луѓе кои се откажале од факултет од луѓе со докторат, 63 во однос на 21.

Зошто толку многу милијардери се откажале од факултетот?

Повеќето мислат дека за тоа е виновен образовниот систем, дека високото образование е губење време. Тајната не е само во откажувањето, туку од тој што се откажува и неговите амбиции. Луѓето кои станале милијардери без диплома се посебни бидејќи има нешто што ги движи да бидат успешни и богати. Тоа се иновативни луѓе кои точно знаат што ќе прават кога ќе престанат да одат на факултет.

Ова се дел од нивните карактеристики:

  1. Имаат јасна визија за иднината
  2. Знаат што сакаат да работат и во која насока да се развиваат
  3. Имаат цврсти работни навики и вистински сакаат да успеат
  4. Сакаат работите да ги вршат веднаш, без одложување
  5. Подготвени се на ризик
  6. Иновативни се и не поднесуваат статус кво
  7. Имаат способност да носат добри одлуки.

Текст: Курир.мк / Image by Gerd Altmann from Pixabay

Leave a Reply